Шверц на мали лавчиња во Македонија

0
20

Портпаролката на скопската зоолошка градина, Тина Мицковска преку својот  Фејсбук профил предупредува дека во државата се случува нелегална трговија со млади лавови.

Ве молам сите што имате слики и од други луѓе со лавчињата, пратете ми ги анонимно (нема да бидат објавени нигде, чисто за доказ). Многу скопски фаци се имаат сликано, па и во еден познат скопски хотел. Лавчиња очигледно има во Скопје и Куманово, не е само едно. Дајте заеднички да го спречиме овој шверц што секаде низ светот се смета за најголем криминал.Ова е ептен греота и скроз погрешно.. Споделувајте, може некој ќе има повеќе информации, пишува на Фесјбук Мицковска.