Ја донесоа во тешка состојба и веднаш ја препративме во Козле, велат од Тетовската болница за 15-годишното девојче кое почина од Ковид

0
24

Од тетовската болница, немаат информации за смртта на 15 годишната жителка на тетовско Селце која почина од Ковид 19 на Инфективната клиника. Таа како што рекоа пред околу една недела дошла во тетовската болница со тешка клиничка слика и веднаш поради годините била пратена во болницата во Козле, Скопје. Немаат информации дали имала некои коморбидитети, но била со зголемена телесна тежина и затоа поради критичната состојва веднаш било испратено во клиниката во Козле од каде што ја префрлиле на Инфективната клиника.

Добра вест во Тетово е што се зголемува свеста кај народот, рано се јавуваат на лекар, а голем дел од амбулантските прегледи се должат токму на тоа.

-Луѓето рано се јавуваат на лекар, а голем дел од амбулантските прегледи се должат токму на тоа, луѓето покажуваат поголема дисциплина и сакаат да се испитаат, ако кај нив се покаже некој симптом, истакна Д-р Миранда Паразити од Ковид центарот при Клиничката болница во Тетово.

Состојбата се вирусот во тетовско е речиси иста, нема големо подобрување ниту пак влошување. Бројот на хоспитализирани се движи околу 120, а бројот на починати и понатаму е голем, за изминативе 24 часа има 6 смртни случаи.

Ммс