Љубчо Георгиевски: Тие што не сакаа размена на територии, денеска се селат од Чаир

0
27

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во дневникот на „Сител“ коментирајќи ја 30-годишнината од независноста на земјата, како едно од најголемите премрежја на државата го спомена конфликтот во 2001.

Идејата за размена на територии и население со Албанија не била само негова, вели тој, туку била иницирана и од академците од МАНУ, кои потоа повеќето од нив се повлекле. Целта била да не се влегува во војна со илјадници жртви, бидејќи индиците беа дека меѓународниот фактор повеќе им помага, како што вели тој, на терористите отколку на државата.

„Чудни се луѓето кои порано не сакаа размена на територии со Албанија а денеска се селат од Чаир во другиот дел на Скопје и им пречи кога во нивната зграда ќе се всели албанско семејство, вели претседателот на ВМРО-НП во интервјуто.

Самата година 30 години независност е историја, иако имаше многу бурни денови. Тоа е историја која дава гаранција дека Македонија успеа, заклучува тој.