30 лица ја изгубија битката со ковид-19 – најмладиот 23 години

0
19

Министерството за здравство информираше дека направени 5.362 тестирања, регистрирани се 577 нови случаи на КОВИД-19.

Регистрирани сe 1010 оздравени пациенти, додека пак пријавени се 30 починати лица.

  • 7 починати лица од Скопје (53г, 65г, 72г, 78г, 82г, 83г, и 85г)
  • 5 починати лица од Гостивар (23г, 37г, 66г, 70г и 71г)
  • 5 починати лица од Струмица (55г, 67г, 72г, 76г и 79г)
  • 3 починати лица од Тетово (60г, 71г и 90г)
  • 3 починати лица од Куманово (34г, 53г и 57г)
  • 1 починато лице од Битола (80г)
  • 1 починато лице од Радовиш (64г)
  • 1 починато лице од Велес (55г)
  • 1 починато лице од Охрид (71г)
  • 1 починато лице од Струга (41г)
  • 1 починато лице од Крива Паланка (85г)
  • 1 починато лице од Берово (88г).

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 182.450, бројката на оздравени пациенти е 163.070, на починати е 6.214, а бројот на активни случаи изнесува 13.166.