Tетово: Дури четворица членови од исто семејство починале од ковид, се заразиле на свадба

0
37

Дури четворица членови од исто семејство починале во ковид центарот во тетовската болница, потврди  доктор Миранда Пајазити од Ковид центарот при Клиничката болница Тетово

Сите четворица пациенти биле од исто семејство и според едпидемиолошката анкета дале податок дека присуствувале на свадбена прослава, а починале во период од една недела.

„Сега е пандемија. Насекаде треба да има аларм за негрупирање и дистанца. Кај нас тие мерки не се почитуваат и за жал имаме многу голем број починати. Повеќето се со слаб имунитет и се е генетика. Имаме починати неделава четворица од исто семејство. Тие се заразиле на свадба и за жал починаа. Лицата се од една фамилија, живееле во две куќи една до друга и постојано биле во контакт. Кога се зема целата фамилијарна анамнеза, се гледа дека имаат наследни болести и слаба генетика. Имаме и семејства каде имале многу тешка клиничка слика па излегле со добри резултати од болница. Граѓаните не се чуваат, имаат слаб имунитет и повеќето се невакцинирани. Седат во групи, не носат маски, а не се вакцинирани“, изјавила доктор Пајазити за Слободен печат.