Немав директна закана и никој не ми бараше пари, давав самоволно, рекол Ибин Емшуи во исказот во полиција

0
16

Ибин Емшуи со исказ во полиција-  Немав директна закана, никој не ми бараше пари во болница, давав самоволно

 Ибин Емшуи чиј брат и татко загинаа во пожарот во модуларната болнциа со поинаква верзија во полицијата од тоа што го кажал на дел од медиумите. Сега на полициските службеници на кои им дал исказ денеска, им рекол дека немал директна закана по неговиот живот

Полициски службеници на СВР Тетово денеска претпладне (13 септември) оствариле контакт и разговарале со И.Е. од тетовско Синичане, кој рекол, а за што е сочинета и службена белешка, дека немал директна закана по неговиот живот, туку дека по дадената изјава за медиум, на социјални мрежи наводно прочитал три коментари во врска со дадената изјава -да внимава што изјавува и дека може нешто да му се случи.Покрај тоа, како што им кажал на полициските службеници денеска, на стакло од  неговото возило на лист наводно подоцна му било напишано “внимавај”.Но, не ги сочувал ниту коментарите од социјални мрежи, ниту листот, истакна портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски

 Тој, исто така, им рекол  на полициските скужбеници дека нему никој не му барал пари во болницата, туку самоволно им дал на поединци од медицинскиот персонал, за, според него, подобро да се грижеле за неговите најблиски.

Инаку Емшиу за дел од медиумите објави дека морал да им плаќа по 1.000 денари дневно на болничарите за да го негуваат неговиот неподвижен 28-годишен брат кој боледувал од церебрална парализа. Раскажува и дека два дена на роднините им било кажано дека болницата ќе се затвори, а по пожарот добивал закани по живот за да не кажува што видел со свои очи.