Mакедонија најбезбедна земја во западен Балкан

0
16

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан, според податоците на Институтот за економија и мир.

Земјава бележи напредок од 11 места во споредба со минатата година, што според извештајот се должи на подобрувања во делот на сигурноста и безбедноста.

Најголемо подобрување има во интензитетот на внатрешен конфликт, кој сега е на најниско ниво од 2016 година – стои меѓудругото во извештајот. За министерот за внатрешни работи Спасовски извештајот е доказ за подобрување на безбедноста во земјава и намалувањето на криминалитетот. Дел од експертите во земјава велат дека ваквиот исход не е изненадување.

 

Според професорот Никола Дујовски, тоа се должи пред се, на членството во НАТО, но и на реформите во безбедносниот систем.

Од регионот Србија е на 44 место, Албанија на 48, а потоа следат Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово кое е последно од регионот на 80-то место. Според Дујовски, позитивно е и тоа што покрај Македонија, целиот регион забележува напредок во безбедноста, а тоа за него е доказ дека Балканот полека станува безбеден регион.

Македонија според индексот е на 40-то место на светот, на прво место е Исланд, а на последното 163-то се наоѓа Авганистан. Институтот за економија и мир со седиште во Сиднеј Австралија, рангира 163 независни земји и територии во светот, уште од 2007- година, оценувајќи ја состојбата на безбедност и мир.