Алтернатива нема да се приклучи кон владејачкото мнозинство

Алтернатива нема намера да се приклучи кон владејачкото мнозинство.

За можните предизборни коалиции велат дека се уште не разговарале со раководството во партијата и коалиционите партии.

Ова е одговор по вчерашната ТВ дебата во која министерот за земјоделство Аријанит Хоџа каже дека може и да се повлече од министерското место за да влезе Алтернатива во владината коалиција, а министерот за економија Бектеши од ДУИ рече дека нема ништо против тоа.