Еди Рама ја споменува идејата за обединување со Косово

Премиерот на соседна Албанија, Еди Рама повторно ја споменува идејата за обединување на Албанија и Косово.

Тој вели дека ако останат надвор од Европската Унија (ЕУ) поголеми се шансите тоа да се случи.  Во интервју за германскиот весник „Меркур“, Рама  коментира дека евентуалните конфликти на Западен Балкан ќе завршат доколку земјите од регионот се приклучат на ЕУ.  Рама вели дека војните настануваат кога земјите се изолирани, а не во заедница.

„Се сеќавате на позитивните случувања што ги донесоа француско-германските односи? Или случајот со Ирска. Ризикот ЕУ да внесе конфликт во нивните домови е речиси нула. Обединување со Косово? Ваквите ментални игри се многу поверојатни надвор од ЕУ отколку внатре во неа“, додаде Рама.

Вели дека ЕУ има потреба од Балканот поради сопствената безбедност. Идејата за обединување ја споменуваа и косовски политичари. Србија е категорично против реализирање на ова обединување.

Во регионот превирања има и во БиХ, каде се дискутира за измени во изборниот закон