Кандидатот за градоначалник за Општина Тетово од Алијанса за Албанците и Алтернатива Вулнет Мурсели оствари средба со персоналот од градската библиотека

Денеска го посетив персоналот на Градската библиотека на Тетово, бев одблизу запознаен со функционирањето на оваа институција која со години чека изградба на новиот објект, а кој се уште не е готов, истакна кандидатот за градоначалник за  Општина Тетово од Алијанса за Албанците и Алтернатива Вулнет Мурсели.

-Ги уверив дека на почетокот на мојот мандат, заедно со тимот, ќе им обезбедиме простории што ќе ги прилагодиме за две читални и простор што ќе служи како интернет центар за ученици, студенти и граѓани. Во меѓувреме, ќе работиме напорно за да ја добиеме централната власт што е можно поскоро, што на крајот ќе ги отвори вратите  на библиотеката во Тетово, рече Мурсели.