Од лажен профил во име на Елизабета Ѓоргиевска се злоупотребуваат податоци од граѓаните

Лажен профил на Фејсбук со име на сопругата на претседателот на државата, Стево Пендаровски бил отворен денеска, но со името Елизабета Пендаровска, а не Ѓоргиевска. Од овој профил се злоупотребуваaт лични информации на граѓаните и на него има објавено повеќе лажни постови, со кои се манипулира народот дека ќе се изберат 100 добитници по случаен избор, и ќе им бидат донирани по 5.000 евра.

За лажниот профил кој зема лични податоци од граѓаните, запознаена е и самата Ѓоргиевска, како и Кабинетот на претседателот.

Од Кабинетот на претседателот за некои медиуми потврдиле дека знаат за случајот и се постапувало по истиот.

Ѓоргиевска, пак се огласи и преку Фејсбук.

„Почитувани пријатели, многумина од вас ми пишаа за лажен профил направен со мое име. Пријавен е во Фејсбук и во МВР, но би ве замолила за побрза реакција од Фејсбук, да има што повеќе пријавувања. Ви благодарам“, напиша таа на својот профил