Се тепале во Форино, а во Гостивар малолетник нападнат од три лица

Во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Боге Велјановски“ во Гостивар малолетник од Гостивар физички бил нападнат од три лица. Според пријавеното, во нападот едното од нив користело и метален предмет, а потоа му го одзеле мобилниот телефон и парични средства.

Евидентирано е и приведување на 54-годишниот С.А. од гостиварски Балиндол, кој го нарушил јавниот ред и мир, недолично се однесувал и одбил да се легитимира на полицијата.

Се тепале и во гостиварско Форино. Синоќа пред угостителски објект во селото физички бил нападнат од 39 годишно лице  од соседно село Чегране и од уште две други лица.

Инаку во изминативе девет месеци од оваа година на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово, регистрирани се вкупно 409 нарушувања на јавниот ред и мир. Во овие нарушувања биле инволвирани 489 а најголемиот број од прекршоците се целосно расчистени и заокружени со соодветни поднесоци по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

Меѓу евидентираните прекршоци повторно најбројни се физичките напади, потоа тепачките како и дрското и непристојно однесување, навредување и омаловажување  на службени лице, државен орган и слично.

Од сите нарушувања на јавниот ред и мир не се бележи ниту едно со меѓуетнички предзнак.