Тигрите ноќеска го уапсиле „Малиот Репки“, познат насилник и рекетар од скопско Батинци.
Станува збор за 30 годишник, баран со потерница за повеќе сторени кривични дела меѓу кои и два обиди за убиство.
Како што информираа од Министерството за внатрешни работи, криминалецот бил уапсен ноќеска во 01.40 часот во месноста лавчани на територија на велес, во акција на полициските специјалци и координација со АНБ. Лицето ќе биде предадено на надлежното обвинителство.