Шест загинати во пожар во станбен објект во Брчко, спасени четири деца

Шест лица загинаа и неколку други се повредени во пожар во станбен објект во Брчко. Повредените се пренесени во болницата Брчко каде им била укажана лекарска помош.

Локални медиуми јавија дека при интервенцијата пожарникарите спасиле четири деца на првиот кат од објектот.

Пожарот се случил утринава околу седум часот. Засега нема информации за причината за пожарот.