Автобус со работници се преврти кај Битола

0
18

Во сообраќајната незгода повредени се возачот и четири патници. Сите се вонживотна опасност

Автобус, со кој се превезувале работници од „Кромберг и Шуберт“ од индустриската зона Жабени кај Битола, утрово околу 6:30 часот се превртил. Повредени се пет лица, сите полесно.

„Сообраќајната незгода веднаш беше пријавена во СВР-Битола и наши полициски службеници извршија увид. Во автобусот се превезувале лица вработени во фабриката и се движеле кон Битола. Во сообраќајната незгода повредени се возачот и четири патници. Сите се вонживотна опасност“,

изјави за МИА Сања Стаматова, портпаролна СВР-Битола.

Од ЈЗУ Клиничка болница-Битола соопштија дека пет повредени лица се амбулантски третирани, тие се со полесни повреди и не се хоспитализирани.