Актерот Тони Михајловски е позитивен на коронавирус

0
18

Денеска на официјалниот профил на социјалните мрежи актерот Тони Михајловски, кој е кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, за Куманово, соопшти дека е позитивен на коронавирус.

Тој нагласува дека иако е вакциниран и ги почитувал мерките на резултатите од тестирањето излегол позитивен.

– Почитувани граѓани, за жал, мора да ве известам дека на моето денешно тестирање од Ковид-19 излегов позитивен, вакциниран и почитувајќи ги сите мерките за заштита на моето и вашето здравје, сепак дојде до оваа несакана ситуација за секого. Мојот тим е на терен и работи за да ја донесеме долгоочекуваната и заслужена промена во Куманово, напиша кандидатот Михајловски.

Тој во објавеното видео кажа дека ќе биде во десетдневна изолација, изразувајќи надеж дека состојбата нема да ескалира. Михајловски му порача на неговиот тим дека е заедно со нив и останува во трката.

– Не се откажуваме, на 17-ти нè чека голема победа- за Куманово, конечно да ги добие промените кои ги заслужува-заврши Михајловски.