Албон Џемаили:Знаете колку општина Боговиње должи, нула евра долг. Нема ништо почисто од тоа.

0
19

Актуелниот градоначалник на Боговиње, Албон Џемаили, рече дека пред четири години се појавил пред луѓето во Боговиње и ветил многу работи.

„Имав некои аманети да ги исполнам. Да, претседателе, ги исполнив ветувањата за четири години. Работевме постојано за училиштата, инвестиравме во секое училиште, водата како најсуштински проблем, не само во општина Боговиње, работевме постојано да донесеме вода за пиење до секој дом, кога имаше потреба дури и во планините ние останавме, но ја постигнавме целта и донесовме вода “, изјави Албон Џемаили.

Тој рече дека направиле толку многу , што не е направено во изминативе 20 години.

„Кога ја презедовме општината, должевме над 2 милиони евра. Знам дека се љубоморни, но од инает ќе им го кажам ова. Знаете колку општина Боговиње должи, нула евра долг. Нема ништо почисто од тоа “, изјави Албон Џемаили.