Алијанса за Албанците – Во пресрет на изборите Мерко асфалтира улици со слој од два сантиметри

0
19

Овие денови, сведоци сме на една еуфорија на асфалтирања од страна на Општина Струга и Рамиз Мерко.  Иако сме на сред изборна кампања и без законско право, актуелниот градоначалник на општината започнал со асфалтирање на улици и улички без никаков критериум, без никаков стандард, некаде по 2, а некаде по 4 сантиметри дебелина, со единствена цел за да ги залаже граѓаните на почетокот на изборите и само за придобивка на уште еден глас повеќе, обвинија од Алијанса за Албанците

Но, кога намерите се лоши, плановите пропаѓаат и природата те засрамува.  Дождот што почна да врне и што продолжува во текот на целиот ден, ги извади на површина сите измами на Рамиз Мерко.  Милиони денари, стотици иљада евра на граѓаните на Струга се потрошија залудно, бидејќи асфалтирањата се прават непрофесионално, како “мачката со опашката“. Само со една прошетка низ улиците на градот ќе приметите дека новите асфалтирани улици за време на предизборната кампања, се преполни со вода и се непроодни, невозможно е граѓаните да поминат по улиците. Ова предизвикува хаос во сообраќајот и големи пречки во движењето на граѓаните.
Затоа, почитувани, немојте да дозволите да бидете измамени сега. Ништо повеќе, соопштија од Алијанса за Албанците и Алтернатива