Алијанса за Албанците – Во Тетово, Гостивар, Чаир, Сарај и други општини се делеле памфлети со клевети , говор на омраза и меѓуетничка омраза

0
20
Денеска, само два дена пред завршување на кампањата, партиите на власта во недостиг на успеси, во недостик на конкретни проекти и во страв од пораз на избори, ја започнаа црната и негативната кампања против опозицијата. Во Тетово, Гостивар, Чаир, Сарај и други општини се делеле памфлети со клевети , говор на омраза и меѓуетничка омраза. Случајот е пријавен во полиција и мисијата на ОБСЕ-ОДИХР и јавно бараме откривање на авторите на оваа пропаганда. Ваквите активности на хибридниот режим на СДСМ-ДУИ нема да ја спречи вољата на граѓаните за промени, истакнаа од Алијансата за Албанците од денешната пресс конференција од Тетово

-За тоа кој стои зад ваквите памфлети, го докажува најдобро самата содржина на истите, која е слична на изјавите на премиерот Заев и експонентите на ДУИ. Ги повикуваме симпатизерите на Алијансата за Албанците и Алтернатива, да не подлегнуваат на вакви провокации. Слични активности сме виделе и во неколку случаи во минатото и се типични за партиите во паника, во пресрет на изборен пораз.Познавајќи ги како функсионират, очекуваме со слични фабрикувања да продолжат и до последниот момент, но најавуваме дека нема да поминат несанкционирани, прво од граѓаните преку нивниот глас, а потоа и со закон, рече Флакрон Беџети од Алијансата за Албанците