Алијанса за Албанците и Алтернатива – Победа во Гостивар во првиот круг

0
18

Опонентот денес кажува дека за 100 дена ќе реализирал 24 проекти, па тој за 8 години не реализираше толку,истакна Арбен Таравари кандидатот за градоначалник за Гостивар од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива. „Ние пред вас, гласачите, граѓаните излегуваме само со вистината. Вистини нема две, има една рече Зијадин Села на централниот митинг од Гостивар

Гостивар е најтранспарентната институција во Северна Македонија, која се управува од албанец, посочи Арбен Таравари кандидатот за градоначалник и актуелниот прв човек на Општина Гостивар од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива на митингот кој се одржа во Гостивар. Кандидатот на албанската опозиција, рече дека на 17 октомври ќе биде испратена пораката, дека знаат да управуваат и  заслужуваат уште еден мандат.

Ако погледнеме една анкета за кредибилитет на општините, Гостивар е рангиран на второ место, по Кавадарци. Повторно првата албанска општина со кредибилитет кон граѓаните. Само во анализата на УСАИД ние сме последни, знаете ли за што, за корупција и треба да бидеме многу горди на ова“, рече Таравари.

 Благодарен сум што нашата екипа во последните три недели носи една позитивна енергија во Гостивар. Мислам дека со ваква екипа неизбежно е да имаме победа. Работевме, градевме и резултатите се видливи,. Ние го бараме вашиот глас со гордост и достоинство, за да продолжиме со ефикансо работење и во следните 4 години, дополни тој

 Опонентот денес кажува дека за 100 дена ќе реализирал 24 проекти, па тој за 8 години не реализираше толку И наведува изградба на канализации во места кадешто канализациите ние веќе сме ги завршиле. На 17 октомври ќе славиме победа заедно на плоштадот. На овие избори излегуваме со програмата Трансформација на Гостивар, која има проекти што ќе го претворат градот во четирисезонско туристичко место, има инвестиции во инфраструктурата, нови велосипедски патеки, спортски терени, Аква парк, Центар за аутизам и многу други изјави Арбен Таравари Канддидат за градоначалник за Општина Гостивар од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива

По 17 октомври, нема да има повеќе општини управувани од ДУИ, нашата коалиција ќе победи од Струга до Липково, порача претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села.

Со вашето присуство и атмосферата вечерва покажавте дека  патот по кој треба да се движи Гостивар е јасен. Затоа што имаме најтранспарентна, најнекорумпирана, најизградена општина, без скандали, а не како општините што ги водат нашите опоненти  од демократската унија за интергација каде владее корупција криминал и безредие исткна Села

Ние пред вас, гласачите, граѓаните излегуваме само со вистината. Вистини нема две, има една. Ги прашувам која е нивната вистина кога Невзат го обвинува Таравари за депонии, а во Липково, Еркан вели дека надлежностите за депониите ги има централната власт. И обвинувањата за казината се такви, затоа што тие го бараат гласот со манилупации и лаги, а ние имаме вистина,изјави Зијадин Села претседател на Алијанса за Албанците

 

Лидерот на Алтернатива Африм Гаши од митингот во Гостивар рече дека симболот на нивната  кампања е јасен: „Во Гостивар работата е чиста“,

Тој рече вториот мандат за Арбен Таравари е запечатен и дефинитивно ќе биде завршен на 17 октомври уште во првиот круг.

 Победата во Гостивар во првиот круг, победата во Чаир, Струга, Врапчиште, Боговиње, ќе биде победа за следните парламентарни избори, ќе биде победа за големата историска промена во албанскиот политички блок“, дополни претседателот на Алтернатива Африм Гаши.