Али Ахмети од Желино: Зелената агенда со Фатмир Изаири ќе донесе промена

0
18

Демократската Унија за Интеграција ја продолжи изборната кампања преку претставување на кандидатот за градоначалник на Општина Желино Фатмир Изаири, листата на кандидати за советници на чело со Шевал Сулејмани и изборната програма за промена и развој во Желино .

На жителите на Желино им се обратија претседателот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети, првиот вицепремиер Артан Груби, кандидатот за градоначалник Фатмир Изаири и носителот на листата кандидати за советници Шевал Сулејмани.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети во својот говор изрази максимална поддршка за кандидатурата на Фатмир Изаири, високо ценејќи ја неговата веќе докажана работа во времето кога тој бил на чело на оваа општина, велејќи дека тој е еден од градоначалниците што реализирал најмногу проекти во Желино.

„Со ова советничка листа на чело со Шевал, има момчиња и девојчиња кои ќе бидат од голема помош за Фатмир во донесувањето важни одлуки и проекти за општината. По Охридскиот договор, најважната и најприоритетна агенда е зелената агенда бидејќи ова е живот, затоа што ја обезбедува иднината, обезбедува просперитет“, рече во говорот лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Првиот вицепремиер, Артан Груби нагласи дека дојде време за промени во Желино, нагласувајќи ја максималната поддршка за Фатмир Изаири и тимот советници за да ги реализираат проектите за квалитетен живот во нивната програма.

„Вашиот глас не е само за избор на Фатмир Изаири на чело на Желино , туку и за достоинството на општината, тоа е и за имиџот на општината, Сите ние стоиме за она што го кажа Фатмир Изаири, почнувајќи од Фатмир Бесими, Бујар Османи, Крешник Бектеши, Јетон Шаќири, Насер Нуредини, јас, пет заменици министри, пет државни секретари, директори, заменици директори, сите сме во поддршка на Фатмир Изаири. ” – изјави Груби.

Кандидатот за градоначалник на Желино, Фатмир Изаири ја презентираше програмата за како што посочи развој и квалитетен живот во Желино.

„Демократската Унија за Интеграција одлучи да ја спроведе зелената агенда, агенда која е во целосна согласност со сите развиени земји. Таа не е само реченица, туку содржи  добро проучени и добро смислени акции за тоа како да се постигне. Клучниот збор на мојата програма е вода за пиење за секоја куќа, отстранување на фекалните води, асфалтирани патишта, училишта, шеталишта, спортски сали, зеленило итн. Програма до која секој ќе има пристап “. – кажа Изаири во својот говор.

Носителот на листата за советници, Шевал Сулејмани, ги покани жителите на Желино на 17 Октомври да гласаат за ДУИ, нејзиниот кандидат Фатмир Изаири и тимот советници кои ќе бидат гласот на граѓаните и решение за нивниот проблем.

„На овие локални избори, нашата понуда е јасна, конкретна и богата како никогаш досега, бидејќи е подготвена врз основа на зелената агенда, чиј гарант е Демократската Унија за Интеграција, која агенда во суштина содржи ефективна работа, еднаквост, правда, економски развој и социјална благосостојба. Единствено што треба да направите е да одвоите 15 минути време, од местото на живеење до избирачкото место, но ќе добиете 4 години живот, 4 години достоинство, 4 години развој, 4 години социјална заштита. “ – рече Сулејмани.