Анкета на ЦПИК – СДСМ и ДУИ со најдобра предизборна кампања

0
26

1 дел

Во анкетата спроведена од Центарот за политички истражувања и комуникации (CRPC), во пресрет на локалните избори на 17 октомври, испитаниците сметаат дека ДУИ од Албанскиот политички блок, а СДСМ од Македонскиот политички блок водат најдобра кампања. Или во проценти 23.89 % од анкетирани сметаат дека СДСМ води најдобра кампања, па потоа следува ВМРО ДПМНЕ со 22,19 %.

Од партиите на албанскиот политички блок, резултатите се следни. ДУИ води најдобра кампања, потоа следува Алијанса за Албанците и Алтернатива, БЕСА и на крај ДПА.

Но, најголем број од испитаниците или 26,68 % одбиле да одговорат на прашањето, која од политичките партии досега води подобра кампања.

Процентите за секоја партија се подоли во приказот.

На прашањето: Дали би гласале за кандидат од истата партија што гласавте на претходите избори?, 43 % одговориле дека нема да гласаат. Останатите одговори на ова прашање предочено во проценти, се подолу во самиот графички приказ.

Најголем дел од испитаниците, односно 43 % од анкетираните, одговориле дека нивниот градоначалник не заслужува уште еден мандат. Поголем број од нив или 47 % кои го дале овој одговор, биле етнички Албанци.

Најголем број од испитаниците, односно 41 % од анкетираните рекле дека нивниот градоначалник заслужува оценка од 1 до 6, најмал процент односно 3 %, добиле највисока оценка од 9 до 10.

И тука како и на претходните прашања е земена во предвид етничката структура на анкетираните.

Според покажаниот приказ подолу, најголем број од испитаниците одговориле дека имаат негативно мислење за нивниот градоначалник, односно 39 %, а најмал процент или 10 % имаат малку позитивно.

Според етничката структура, Албанците од нивните сограѓани Македонци имаат негативно мислење за нивниот градоначалник за 10 % повеќе.

Анкетата беше спроведена од ЦПИК на барање на веб порталот на Македонски јазик Glas.mk, како и двата портали на Албански јазик Fol.mk и Zери.mk
Станува збор за анкета спроведена „лице в лице“ со 1231 испитаник во директен контакт според случаен метод.

За да ја погледнете целата анкета со останатите прашања упатени до испитаниците, како и нивните одговори обработени текстуално и во графички приказ во проценти кликнете тука.

Наскоро во предизборието во пресрет на локалните избори ќе се објави и вториот дел од истражувањето.

Со почит Glas.mk, Fol.mk, Zeri.mk и Центар за политички истражувања и комуникации.