Најнова анкета на: CRPC: Тесна трка на најголемите партии, ВМРО ДПМНЕ со мала предност пред СДСМ

0
24

22,31% од анкетираните граѓани во истражувањето кое го спроведе Центарот за политичко истражување и комуникации, одговориле дека на локалните избори кои ќе се одржат на 17 октомври ќе гласаат за ВМРО ДПМНЕ, а за околу 2 % помалку, би гласале за кандидатите од СДСМ, или за оваа политика опција би гласале 19,75 % од испитаниците.

Од Албанскиот политички блок, владечката ДУИ има блага поголема подршка од нивниот политички опонент коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива покажува анкетата.

За ДУИ на 17 октомври би гласале 6,95 % од испитаниците, а за партиите на Села и Гаши кои се во коалиција 6,31 % од анкетираните. Каква е подршката за останатите политички парти за престојните локални избори, може да погледнете во графичкиот приказ подолу.

 

Испитаниците најголема доверба му дале на лидерот на СДСМ Зоран Заев со 21,15 %, а 19 35 % од испитаниците одговориле дека  му верувааат на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски.

За кај партиите од Албанскиот политички блок испитаниците искажале најголема доверба за претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, па потоа следува лидерот на ДУИ Али Ахмети . Како е во проценти и за довербата за останатите лидери, подолу во графичкиот приказ.

 

 

ЦПИК упати прашање и до испитаниците , доколу парламентарните избори се одржат утре, за листата на која партија би гласале. Одговорите се следни.

За ВМРО ДПМНЕ би гласале 27,31 % а за СДСМ 26,19 % од анкетираните. За ДУИ пак на ова прашање испитаниците дале поголема подршка од нивниот политички опонент Алијансата за Албанците и Алтернатива, или во проценти 8,11 % од анкетираните би гласале за партијата на Ахмети, а за коалицијата на партиите на Села и Гаши 7,67%. За сите партии графички приказ погледни подолу

 

Анкетата беше спроведена од ЦПИК на барање на веб порталот на Македонски јазик Glas.mk, како и двата портали на Албански јазик Fol.mk и Zери.mk

Станува збор за анкета спроведена „лице в лице“ со 1231 испитаник во директен контакт според случаен метод.

Анкетата продолжува, со ново истражување и податоци за довербата и подршката на партиите и кандидатите за градоначалниците во општините ширум државата.

За да ја погледнете анкетата со останатите прашања упатени до испитаниците, како и нивните одговори обработени текстуално и во графички приказ во проценти кликнете тука.