Арбен Таравари со убедливо водство пред политичкиот опонент Невзат Бејта

0
32

Анкетата на Центарот за политички истражувања и комуникации, покажува дека кандидатот за градоначалник за Општина Гостивар од Алијансата за Албанците и Алтернатива Арбен Таравари, води за речиси 10 % пред Невзат Бејта од ДУИ.

На прашањето за кој кандидат за градоначалник за Општина Гостивар ќе гласате на локалните избори, испитаниците ги дале следниве бројки, односно проценти.

35,15 % одговориле дека ќе го дадат својот глас за Таравари , а 26.35 % за Невзат Бејта.

За Фадил Зендели од Беса се изјасниле 4,5 % од анкетираните.

Види подолу на графичкиот приказ.