Арифи – Во вториот круг ќе победиме со уште поголема разлика, а очекувам подршка од сите граѓаните, оти никогаш не сум правела разлика по никаква основа

0
16
Во вториот круг очекувам подршка од сите граѓани, тие  ја препознаа и и веруваат на мојата програма и платформа, затоа освоив и најголем број гласови на 17 октомври, истакна кандидатот за градоначалник за Тетово од редовите на ДУИ Теута Арифи. Таа денеска оствари средба со активистките за борба против ракот на дојката.

 

Благодарност до граѓаните кои ми донесоа победа во првиот круг од локалните избори, но тоа е и победа за нив за подобро утре со реализирање на мојата програма и платформа во новиот мандат, посочи Теута Арифи кандидат за градоначалник за Општина Тетово од редовите ДУИ.

Во вториот круг ќе победиме со уште поголема разлика, а очекувам подршка од сите граѓаните, оти никогаш не сум правела разлика по никаква основа и секогаш сум работела за сите. Тетовци тоа го препознаа, а ќе го докажат и на денот на изборите истакна Арифи.

Кандидатот за градоначалник Арифи денеска оствари средба со активстките за борба против ракот на дојката. Упатувам апел за почеста контрола, оти еден преглед спасува живот, а тетовската болница има услови односно апарати за откривање и следење на оваа болест, дополни Арифи.