Арифи- Во недела граѓаните ќе одлучат дали Тетово ќе продолжи да оди кон европските текови или ќе се врати назад кон деградирачки процеси

0
18

Изградивме училишта, го активиравме автобускиот јавен транспорт , го завршивме водоводот и филтер станицата , а со тоа се подобри ситуацијата со водата за пиење во Тетово истакна актуелната градоначалничка и кандидат од редовите на ДУИ Теута Арифи во емисијата Клик Плус на ТВ 21.

Се работеше неуморно во месноста Бањиче и се вложија 4 милиони денари сликите со кои дефилира г.Касами се поради смата конфигурација на теренот и сега не е таква ситуација , напротив тој дел е целосно уреден и продолжува да се уредува за што најдобри сведоци се граѓаните, рече Арифи.

Во недела Тетово одлучува дали Тетовоќе продолжи да оди кон европските текови или ќе се врати назад кон деградирачки процеси , истакна таа.