Арифи – Ги повикувам симпатизерите на СДСМ и ВМРО јасно да гласаат за обединето Тетово, каде секоја заедница и секоја вера се третираат и почитуваат подеднакво

0
16

Моите проекти се реални и остварливи кои ќе ја направат општината модерна и достојна за живеење, посочи Теута Арифи, кандидат за градоначалник за Тетово од редовите на ДУИ.Најави проекти за решавање на проблемите во инфраструктурата и сообраќајот.

Нашата визија за Тетово е европска – тоа значи европски стандарди во однос на инфраструктурата, транспарентноста во администрацијата, заштита на животната средина и пред се животниот стандард на граѓаните, посочи Теута Арифи кандидат за градоначалник за Општина Тетово од редовите на ДУИ .

Дополни дека градот кој што го водела станал пример за соживот, и заедништво.Ова обединето Тетово, овие современи европски вредности се непроценливи и од таму нема враќање. Оваа недела се доведени во прашање нашите европски идеали. Не треба да се враќаме во минатото, кога поделбата ни го кочеше општествениот напредок.

Додека нашиот противкандидат на овие избори кажа дека не ги сака гласовите на сите граѓани, не ги сака гласовите на ВМРО, јас велам многу јасно: Јас сум градоначалник на сите граѓани без исклучок и ја барам  поддршката и довербата од сите вас.

Ги повикувам симпатизерите на СДСМ и ВМРО јасно да гласаат за обединето Тетово, каде секоја заедница и секоја вера се третираат и почитуваат  подеднакво. Барам поддршка од ромската и турската заедница во Тетово, за дополнително зајакнување на вредностите на нашето мултиетничко општество. И ги молам сите Албанци, без разлика на партијата или опцијата што ја поддржаа во првиот круг, да гласаат за она што е најдобро за сите наши граѓани и деца: модерно европско Тетово, Тетово за сите, рече Арифи.

Арифи најави одржливи решенија за сообраќајното прашање, со политика на нулта толеранција на отпад, кучиња скитници и казина. Во следните четири години Тетово ќе биде зелена, модерна и европска општина.