Арифи до Касами – Не е етички и коректно да се споменуваат деца во политичка дебата

0
19

Во вечерашната дебата меѓу  Теута Арифи и Билал Касами во емисијата ClickPlus пред новинарот Фатмир Алиу можеше да се забележи агресивноста и несигурноста на кандидатот на Движењето БЕСА, Билал Касами, додека од друга страна Теута Арифи остана мирна и аргументирана, соопштија од изборниот штаб на Арифи.

Касами одвреме-навреме вечерва на дебатата за Тетово заборави дека освен што има контракандидат, пред се е жена, сопруга и мајка.Касами во еден момент ја девалвира дебатата спомнувајќи го синот на Теута Арифи, таа го предупреди, велејќи дека не е етички и коректно да се споменуваат деца во политичка дебата, дополнија од изборниот штаб.