Арифи  – Зелената агенда значи ефикасно управување со отпадот,олеснет сообраќај, повеќе зеленило

0
18

Како што посочи кандидатот за градоначалник за Општина Тетово од ДУИ Теута Арифи , дел од  проектите на Зелената агенда за Тетово се:

– Поставување полу -подземни контејнери – проект кој претставува понатамошен чекор за подобрување на капацитетот на јавното претпријатие и  обезбедување подобри услуги од ова претпријатие. Набавка на  инвертори и прочистувачи на воздух за сите училишта. Нови зелени површини во градот. Уредување на Кејот на река Пена Проширен јавен превоз. Густиот сообраќај произлегува и од недостатокот на јавни паркинг места, затоа неопходна е интервенција на главниот градски плоштад. Во новиот мандат, наша примарна цел ќе биде  да му дадеме на Тетово урбан и модерен јавен плоштад, кој ќе ги задоволи потребите на граѓаните.Дигитална агенда – Електронска администрација е клучот за ефикасна јавна услуга, но и транспарентна со обезбедување целосни дигитални услуги, истакна Арифи

На пресс конференцијата се обрати Блерим Османи од советничката листа на ДУИ

-Нашите заложби за нулта толеранција значи нулта злоупотреба, нулта лошо управување, нула корупција, нулта кучиња скитници, нулта дивоградби, нулта запоставени граѓани.Граѓаните, преку целосна дигитализација на нашите услуги, ќе можат да ги следат нивните барања и да го видат статусот во исто време. Дигитализацијата исто така ќе ја зголеми транспарентноста и ќе ја спречи корупцијата во администрацијата. Понатаму, ќе воспоставиме независен Народен правобранител и анонимна платформа за дигитална сигнализација каде што граѓаните ќе можат да пријавуваат повреда на право до администрацијата. Ќе се проверат и потврдат сите водечки позиции во јавната администрација, со така наречена двојна контрола врз нивната правна, морална и професионална квалификација, истакна Османи.