Арифи на увид на реконструкцијата на улицата Гоце Делчев, најави почисто Тетово, борба за поквалитетен воздух

0
19

Како и досега така и во третиот мандат ќе бидам градоначалник за сите граѓани, потенцираше кандидатот за градоначалник за Општина Тетово од редовите на ДУИ. Таа денеска изврши увид на градежните работи за реконструкција на улицата Гоце Делчев, која го поврзува стариот дел на градот.

Не сум ги делела граѓаните по никаква основа, таќа ќе продолжам и во иднина, за мене се најважни потребите на моите сограѓани . затоа секогаш со нив сум во директна комуникација, истакна кандидатот за градоначалник за Општина Тетово од редовите на ДУИ Теута Арифи. Политичките партии се тие кои одлучуваат за коалиции и подршка за во вториот круг, а јас понатака ќе работам за сите како и досега, посочи таа.

Таа денеска изврши увид во градежните работи за реконструкција на улицата Гоце Делчев, а рече дека се работи и на многу други слични инфраструктурни проекти, кои ќе се завршат за многу скоро

Арифи најави почисто Тетово, борба за поквалитетен воздух, како и поголем број на зелени површини во градот за одмор и рекреација.