Арифи – Општина во служба на граѓаните – ова е нашата цел во наредните четири години

0
18

Нашата цел е да го подобриме квалитетот на услугите за граѓаните, потранспарентна и поефикасна администрација и вклучување на граѓаните во сите клучни одлуки за општината.Со изградба на модерен општински центар надвор од центарот на градот, кој исто така ќе биде новиот дом за градската општина, создаваме центар каде што на граѓаните ќе им се обезбедат сите јавни услуги на една точка на контакт, посочи кандидатот за градоначалник за Општина Тетово од ДУИ Теута Арифи која денеска одржа средба со со министерот за информатичко општество Јетон Шаќири , а потоа одржаа презентација во општинската сла поврзана на оваа тема.

Граѓаните, преку целосна дигитализација на нашите услуги, можат да ги следат нивните барања и да го видат статусот во реално време. Дигитализацијата исто така ќе ја зголеми транспарентноста и ќе ја спречи корупцијата во администрацијата. Понатаму, ќе инсталираме независен Народен правобранител и анонимна платформа за дигитална сигнализација каде што граѓаните ќе можат да пријавуваат инциденти до администрацијата. Ќе се проверат сите водечки позиции во јавната администрација, дека т.н двојна контрола врз нивната правна, морална и професионална квалификација.Ние сме посветени на политиката на отворени врати, што значи дека градоначалникот ќе одржува состаноци со граѓаните еднаш на две недели – не само во градската општина, туку и во новите канцеларии за јавни услуги во селата, истакна Арифи

Општината им припаѓа на граѓаните. Затоа, граѓаните ќе имаат право да одлучуваат за сите поголеми одлуки во општината. Градоначалникот ќе одржи референдум за сите поголеми проекти и одлуки додаде таа.