Арифи – Ќе помагаме на компаниите, оти се важни за градот и социјалната стабилност

0
13

Кандидатот за градоначалник на Општина Тетово од ДУИ Теута Арифи, заедно со министерот за економија Крешник Бектеши, остварија средби со дел од стопанствениците од тетовско, каде се разговараше за помошта која општината и државата може да има ја понуди на нивните компании, кои ја одржуваат финансиската стабилност во овој регион

-Ние со министерот за економија се сретнавме со бизнисмени од Тетово, целта е да размениме мислења за соработката, а овие компании да добијат подршка за зголемување на капацитети во поглед на документацијата. За нас работата на компаниите е важна, дека тие хранат семејства и нивната работење е важно за градот и социјалната стабилност, оти тие се работодавачи, а има прашања и можности во однос на сета подршка што им ја дава државата и општината, рече градоначалничката на Тетово Теута Арифи.

Министерот за економија Крешник Бектеши, кажа дека полошкиот регион е позитивно дискриминиран, оти кој сака тука да инвестира ќе си добие поголема помош од останатите региони, а како пример го зеде скопскиот.  

-По предлог на актуелната градоначалничка Арифи, направивме промена на законот во делот на финансиска подршка за инвестициите, каде полошкиот регион е на некој начин позитивно дискриминиран. Само еден пластичен пример, ако една компанија одлучи да инвестира во скопскиот регион , а не инвестира во полошко, нема да добие голема помош согласно законот за инвестиции. Во полошко речиси двојно е поголема помошта за инвестиции, а целта е тука да се зголемат инвестициите, за да се креираат работни места и да имамем рамномерен регионален развој, рече Бектеши