Беса од Општина Боговиње – Ја направивме најдобрата селекција на кандидати, каде новата генерација на Движењето БЕСА преовладува

0
25

Фикрет Шабани, носител на листата на Движењето Беса за Советот на Општина Боговиње, рече дека за време на владеачкиот мандат на Движењето Беса во Општина Боговиње, ќе се создадат подобри услови за благосостојба на општеството и запирање на миграцијата на новите генерации.

Шефот на Изборниот штаб и Генерален секретар на Движењето Беса, Аријанит Хоџа во својот говор рече дека со овој кандидат што го имаат во Општина Боговиње победата е сигурна, додавајќи дека Движењето Беса на последните локални избори  му дала доверба на тогашниот кандидат на опозицијата, Албон Џeмаили , „сега ви велам редот е ваш, гласајте сега за Движењето Беса и бидете искрени, бидејќи со кандидатот на Движењето Беса животот на граѓаните на Општина Боговиње ќе биде полесен и попросперитетен “, истакна Хоџа

Кандидатот за градоначалник на Општина Боговиње од редовите на Движењето Беса, Фатмир Сабриу во својот говор рече дека во Општина Боговина ќе се променат старите и потрошени политиките,  со нови и визионерски политичари и политики, ќе ја промениме корупцијата со транспарентност, а  ова е она што го нуди Движењето Беса заедно со нашите соработници, кои изразија подготвеност да работат за подобра и помодерна општина.

Претседателот на Движењето Беса, истовремено и кандидат на оваа партија за градоначалник на Тетово, Билал Касами, во својот говор рече дека одлуката на Фатмир за кандидат за градоначалник на Општина Боговиње бил тежок затоа што во редовите на Движењето БЕСА во Боговиње имавме голема група наши членови, професионални и чесни, обучени во областите каде што дејствуваат.

“Вашето присуство не само што не мотивира, туку ни дава и поголема одговорност. Навистина беше тешко да се избере кандидатот за градоначалник во вашата општина, но и кандидатите за Листа на советници. Беше тешко бидејќи во редовите на Движењето БЕСА во Боговиње имавме голема група наши членови, професионални и чесни, добро упатени во областите во кои работат. Јас лично ја поздравив ова одлука затоа што ја направи најдобрата селекција, , каде новата генерација на Движењето БЕСА преовладува. Не само во Боговиње, туку и во сите општини каде што претставивме кандидати, нудиме чесни, верни, совесни градоначалници и луѓе кои знаат што е одговорноста”,