Видео – Вo експлозија активирана од бомбаш самоубиец за време на молитва загинаа 32 лица

0
17

Најмалку 32 лица загинаа, во експлозија на бомба во шиитската џамија Биби Фатима. во авганистанскиот град Кандахар,

 

 

Ескплозијата била активирана највеорјатно од бомбаш самоубиец за време на петочната молитва, кога џамиите се најпосетувани и полни со верници.

Според првичните извештаи, нападот го извршил бомбаш самоубиец кој влегол во џамијата и ја активирал експлозивната направа. Засега никој не ја презел одговорноста за нападот, но се претпоставува дека нападот е дело на радикалната организација Исламска држава која има свои силни упоришта низ територијата на Авганистан сосбено откако власта во земјата ја презедоа талибанците.