Видео: Пожар во романска ковид болница, најмалку девет загинати

0
21

Во пожарот кој утрово избувнал во романскиот град Констанца загинале најмалку девет лица.

„Потврдуваме дека има мртви“, изјавил Министерот за здравство на Романија. Се додава дека во болницата биле сместени 113 пациенти, од кои десет биле на интензивна нега.

Пожарот во меѓувреме е изгаснат, а „Ројтерс“ пишува дека во таа болница се лекувале пациенти заболени од Ковид-19, како и дека досега 50 пациенти се евакуирани и префрлени во други болници.

Според Инспекторатот за итни ситуации, пожарот избувнал на првиот кат од зградата, а засега не е познато дали избувнал во некое одделение или во докторска ординација, пренесе „digi24.ro“.

Болницата е стара помеѓу 60 и 70 години а пожарникарите веднаш интервенирала затоа што во одделенијата се наоѓаат боци со кислород.

Дел од пациентите се евакуирани преку прозорците.