ВМРО НП: Целосна поддршка на СДСМ и коалицијата „Најдоброто за нашата општина“ во вториот круг од локалните избори

0
14

ВМРО-Народна партија останува на своите заложби за континуиран напредок во развојот на демократското општество и стабилен животен стандард како и растот и развојот на македонската економија, а притоа водејќи се од интересот на граѓаните и нивната желба за интеграција во Европското семејство, процес кој оваа Владина коалиција го интензивира заедно со нас како дел од мнозинството упатуваме целосна поддршка на СДСМ и коалицијата „Најдоброто за нашата општина“ во вториот круг од локалните избори кои што ќе се одржат на 31 октомври 2021 година.

ВМРО-Народна партија како дел од Владината коалиција која во моментов држи стабилно парламентарно мнозинство мора да го реализира до крај зацртаниот пат кон конечна интеграција на државата во ЕУ, а тоа може да го направи само со цврста волја и стабилен тим кој го поседува токму оваа коалиција „Најдоброто за нашата општина