Војводи – Протест нема да има, ќе се одржи дербито Тетекс – Вардар

0
22

Од навивачката група Војводи соопштија дека фудбалскиот натпревар Тетекс – Вардар ќе се одржи во сабота на градскиот стадион во Тетово, откако претходно објавија дека Општина Тетово забранила да се одигра овој фудбалски натпревар во сабота на 23 октомври, а како опција ги понудила деновите понеделник и петок.

Подолу е целото соопштение кое навивачката група Војводи го објави на социјалната мрежа Фејсбук.

Голема благодарност до сите медиуми и портали кои веднаш го споделија нашето соопштение и со тоа целата јавност беше запознаена со нашиот проблем, голема благодарност и до нашите браќа Комити и до сите навивачки групи кои веднаш се одзваа за поддршка и за нивно присуство на протестот кој го најавивме, исто така и голема благодарност и до сите љубители на спортот и сите Македонци кои исто така понудија поддршка.

Сакаме сите да ве информираме дека најавениот протест нема да се одржи затоа што Тетекс сепак во сабота ЌЕ ИГРА НА ГРАДСКИОТ СТАДИОН ВО ТЕТОВО !

По тој повод Ве повикуваме сите да дојдете на стадион и да го проследите братското дерби Тетекс – Вардар и сите заедно да го прославиме нашиот празник 23 Октомври, денот на Внатрешната македонска револуционерната организација !

Собирно место Жена парк : Сабота 12:00 часот !

Навивачка група Војводи