Во Тетово удрил во пешак и побегнал

0
18

С.Т. (73) тешко е повреден како пешак откако вчера на булеварот „Илинденска“ во Тетово во него удрило патничко  возило „пежо“ и избегало.

Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово и се работи на расчистување на случајот.