Вработените во Македонски Пошти на предупредувачки протест

0
17

Пред просториите на поголемите пошти во земјава, стотици вработени во Македонски Пошти го искажаа својот револт преку предупредупредувачки протест.

Бараат итна средба со менаџментот, по што ќе одлучат што понатаму. Незадоволни се дека половина месец им доцни септемвриската плата, но и од лошите услови за работа и неизвесноста за нивната судбина дали компанијата ќе излезе од финансиската криза.

Директорот на Пошти Јани Макрадули став од компанијата најави по средбата со синдикалците.