Вулнет Мурсели – Преку формирање на инвестициски фонд (ИФ), ќе создадеме можности за привлекување инвеститори од дијаспората

0
37

Преку формирање на инвестициски фонд (ИФ), ќе создадеме можности за привлекување инвеститори од дијаспората.Ние ќе и понудиме на дијаспората реализација на посебна категорија инфраструктурни проекти кои се од јавен интерес, преку нивно финансирање со приватен капитал, истакна кандидатот за градоначалник за Општина Тетово од Алијанса за Албанците и Алтернатива Вулнет Мурсели.

-Овој тип на финансирање ќе ги фаворизира членовите на дијаспората кои го имаат потребниот капитал и сакаат да придонесат за побрз развој на Тетово. На овој начин, ќе имаме взаемна корист: Градот Тетово значително ќе ја подобри својата инфраструктура, додека дијаспората ќе има можности за економски придобивки, рече Мурсели.