Гаши ги повикува противниците: Спуштете ги мечевите, престанете со навредите, да се натпреваруваме за да ги подобриме животите на Албанците

0
17

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши од Боговиње рече дека на 17 октомври ќе се одбележи големата победа и ќе се продолжи со патот на успехот што го трасираше, Албон Џемаили. Гаши рече дека од Боговиње испраќа пораки до противниците да не се занимаваат со оцрнувачки речник.

„20 години, наместо да прават добри дела, наместо да им служат на граѓаните да го вратат долгот за гласовите што им ги дадоа, тие не прават ништо друго освен да не навредуваат нас. До некаде е разбирливо во сите политички контексi опозицијата да ја навредува и критикува позицијата, но само кај нас позицијата, ДУИ се занимава со опозицијата,  дополни Гаши

Во Северна Македонија, каде што битката се одвива во етничките логори, каде Албанците не ја завршија својата уставна законска реализација, тие не се реализираа како нација со остварување на своите права, дополни претседателот на Алтернатива

-Ова не е време за навредување. Вечерва ја подавам раката на соработка. Дојдете придружете ни се за добри дела или дојдете и натпреварувајте се за добри дела. „Она што го направија Албон, Исен, Таравари, ако можете да ги поминете, уште подобро е за нашите граѓани“, рече Гаши.

Африм Гаши рече дека треба да ги спуштиме мечевите, бидејќи тие немаат глави за колење.

„Сите ние сме браќа и сестри, го сакаме најдоброто за Албанците, ајде да станеме заедно и да се натпреваруваме за доброто на Албанците, а не да се навредуваме. Али Ахмети, ајде да станеме заедно и да го запреме бегството на нашата младина. Ова е најголемиот патриотски чин што можеме да го направиме “, изјави Гаши.