Гостиварец обвинет за давање лажен исказ​

0
17

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Давање лажен исказ според член 367 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 23 септември на обвинетиот му било доставено барање да даде податоци за имот и приходи согласно член 26 од Законот за извршување, а со цел да се изврши наплата на долг од 175.000 денари како солидарен должник. Тој на барањето не одговорил. Јавното обвинителство му предложи на надлежниот суд да изрече условна осуда со утврдена казна затвор од три месеци за обвинетиот.​