Алијанса за Албанците – Градоначалничката во заминување ја злоупотребува општинската администрација

0
17

Од Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива сметаат дека Арифи го злоупотребува и го крши “Договорот за фер и демократски

Како што истакнаа на пресс конференција во текот на вчерашниот ден, Теута Арифи ги изнела вработените од администрацијата да учествуваат во кампањата и истите биле злоупотребени за за изборни цели.

-Ја информираме Госпоѓа Арифи дека злоупотреба на службената функција,злоупотреба на надлежностите дадени од општината и злоупотреба на општинските ресурси се забранети и за ова кривично ќе одговарате. Вашите неуспеси се очигледни и за тоа Вие ќе ја добиете “заслужената казна од народот“.Вие не можете да ги користите административните службеници на општината за да ја водите вашата кампања! Вие поради вашето неработење и вашата неспособност, поради корупцијата и криминалот, Вие нема да најдете засолниште во злоупотребата на вработените во администрацијата.Ние од коалицијата “Алијанса за Албанците и Алтернатива“ ве предупредуваме и апелираме да ги тргнете валканите раце од аминистрацијата, посочи Нурие Бајрами, потпретседател на огранокот Тетово