Град Скопје ќе додели парична помош за семејствата на настраданите од пожарот во Тетово

0
18

Поради трагичниот настан, односно пожарот во модуларната ковид болница  во Тетово, Советот на Град Скопје се состана уште еднаш за да гласа за доделување парична помош на семејствата на настраданите.

„Како израз на солидарност кон семејствата на загинатите во пожарот во модуларната болница во Тетово за секое загинато лице на семејствата ќе им се додели парична помош од 100.000 денари во нето износ.“ – велат од советот.

Ова беше и последна седница на овој состав на Советот на Град Скопје каде градоначалникот Шилегов им се заблагодари на сите советници за добрата соработка во изминатите четири години.