Дали ДУИ го губи Кичево, кандидатот на ВМРО ДПМНЕ со минимална предност пред Дехари

0
41

Анкетата што ја спроведе Центарот за политички истражувања и комуникации на 135 испитаници во Кичево покажа дека кичевчани минимална предност му даваат на кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ Александар Јовановски. За него би гласале 42,96% од вкупниот број анкетирани, а за противкандидатот Фатмир Дехари од ДУИ на 31 октомври својот глас ќе го дадат 42,22 %.
Или во бројки од сите анкетирани 58 би гласале за Јовановски, а еден глас помалку би добил Дехари.