ДАНЕЛА АРСОВСКА ВО ВОДСТВО ПРЕД ШИЛЕГОВ СО НАД 2.000 ГЛАСА: ДИК преброи 65 отсто од гласовите

0
17

Се уште се пребројуваат гласовите од вчерашните локални избори, но од досегашните податоци кои ги соопшти Државната изборна комисија, односно од преброените 65 отсто за Град Скопје, Данела Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, води пред Петре Шилегов со повеќе од 2.000 гласа. е во благо водство пред Петре Шилегов, кандидатот на СДСМ.

Од вкупно 685 избирачки места, пристигнати се резултати за 121 избирачко место, односно Арсовска засега има 54.928 гласови, а Шилегов 52.730 гласови, или 2.198 разлика. Зад него е кандидатот на Левица, Перо Георгиевски-Камиказа, со 12.349 гласови.