ДАНЕЛА АРСОВСКА ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО ГРАД СКОПЈЕ

0
28

Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска прогласи победа и рече дека победата е огромна.

„Голема благодарност што ми ја дадовте довербата. Не можам да ја изразам мојата радост и колку ми значи што сите вие скопјани ги поддржавте мојата ивизија и моите проекти и што ми ја дадовте вашата дoверба да го водам Град Скопје во наредните четири години“, изјави Арсовска вечерва по вториот круг од локалните избори.

Таа рече дека на изборите имала двајца противници, актуелниот градоначалник и премиерот во заминување.

Според податоците на ДИК, по преброени 65 отсто од избирачките места, Арсовска има водство од над 20 илјади во однос на противкандидатот, актуелниот градоначалник, Петре Шилегов од СДСМ.