ДИК погрешно сумирала во Гостивар, додала 114 гласови на конечниот резултат

0
15

Според официјалните податоци објавени од Државната изборна комисија (ДИК), во Гостивар, актуелниот градоначалник на Алијансата за Албанците (АА), Арбен Тарвари доби вкупно 15.724 гласови, Невзат Бејта од ДУИ 13.190 гласови, Рената Елези од ДПА 333 гласа, Фадил Зендели од Движењето БЕСА, 909 гласови, додека 1.368 гласови беа неважечки.

Ако се соберат сите овие гласови, даваат збир од 31.524 гласови. Но, ДИК во конечниот резултат за Гостивар вели дека гласале вкупно 31.638 сосе невачките гласови, што е за 114 гласа повеќе од бројот на граѓани кој гласале на изборите во Гостивар.

„За овие очигледни грешки реагиравме до ДИК и очекуваме точните податоци да бидат вклучени во системот. Со исправување на оваа грешка се потврдува само победата во Гостивар во прв круг,“ велат за Слободен печат од Алијанса за Албанците.

Извори од ДИК за Слободен печат велат дека во тек е процесот на освежување на податоците на системот, но не прецизираат дали грешката по реакцијата на тимот на Таравари ќе биде променета. Александар Новаковски, поранешен член на ДИК, вели дека не може да има остапување на овој случај, бројките мора да се се совпаѓаат.

„Бројките мора да се се совпаѓаат. Не може да има остапување на овој случај. Треба приговор за сумирање на резултати. Може и да се и записниците погрешно сумирани, но тоа треба ДИК да го забележи, но во секој случај без приговор на кандидат-учесник на изборите, нема да одлучуваат. Да не прејудицирам, дали е техничка или не грешката, треба да има приговор за да се согледа каде е грешката. Мора да се совпаѓаат важечки, неважечки, и неупотребени гласачки ливчиња, број на запишани избирачки места, тие мора да се поклопат, изјави Новаковски за Слободен печат.