Димитриевски – Донесување на мораториум за висококатници во централното градско подрачје и посебна грижа за стариот дел на Тетово

0
16

 

Во изминативе 365 дена, и во последниве 4 години, успеавме да издејствуваме добри проекти за Тетово, за што ја имавме поддршката од централната власт, посочи носител на советничката листа на СДСМ за Општина Тетово Илија Димитриевски на митингот на СДСМ одржан во Тетово

Како што посочи  владата на СДСМ инвестирала во Тетово онолку колку што ниту една Влада не инвестирала предходно.

-Започнавме со целосна реконструкција на улицата Гоце Делчев, стариот дел на градот, местото од кадешто почна да се шири Тетово, не го оставивме на маргините.Успеавме да издејствуваме изградба на затворен пливачки базен.За првпат во Тетово ја остваруваме замислата на урбанистите за едно Тетово со 3 големи булевари, се продолжи булеварот Индустриска кај Спортскиот центар, се пробива и булеварот Благоја Тоска, од двете страни.Се реконструираше патот Тетово  Попова шапка.Се послушаа планинарите, активистите и граѓаните и Шар планина се прогласи за национален парк.Се формираше и почна со работа Јавното транспортно претпријатие, автобусите вртат секој ден.Се реконструираа улиците Ѓоце Стојчески, Мурат Бафтијари, Јане Сандански, Иво Лола Рибар, и многу други.Се реновираа и опремуваа училишта, се реновираа градинки, се отвори Центар за ран детски развој.Сето ова е факт и видливо, и е направено сега, со поддршка и во мандат на оваа Влада на СДСМ, истакна Димитриевски

Тетово како град како што рече носителот на листата изгуби премногу време и премногу шанси во развојот.Овој град, заслужува да биде место, каде се гради личната среќа на голем број семејства.

-Тетово мора да биде град кој ќе биде препознатлив по својот автентичен идентитет.Ова опфаќа донесување на мораториум за висококатници во централното градско подрачје и посебна грижа за стариот дел на Тетово.Инвестирањето во занаетчиството, значи поврзување со старите занаетчиски и угостителски традиции на градот.Во развојот на Градот, неопходно е стандардизирано, хоризонтално урбанистичко проширување во правец кон Скопје.Ова ќе опфати нормирано планирање на нов дел од градот, во кој ќе има, станбени објекти, катни гаражи со уредена инфраструктура.Намерата е Тетово да стане град, во кој има достоинствен простор за живеење и делување.Тетово го гледаме како гасифициран град, кој ќе овозможи пристап до достапна, сигурна и модерна енергија.За заздравување од урбицидот и загушувањето на просторот, приоритет ќе ни биде зголемување на зелените површини.Во рамки на администрацијата, ќе се формира сектор за квалитетот на воздухот, каде ќе се посвети внимание на сериозна грижа за општествено одговорното однесување кон воздухот на граѓаните и на компаниите.Општината ќе се фокусира и во развој на општинскиот секторот на локален економски развој.Зголемување на капацитетите на секторот, обука и доедукација на човечките ресурси.Тоа ќе овозможи активно следење и аплицирање на нови проекти, и соодветно искористување на европските фондови за локален развој.Тетово е слика на мултикултурализмот во нашата земја.Како град на еснаф луѓе, потребна е грижа од страна на локалната самоуправа, рече Димитриевски

Тој посочи 8 важни проекти како дел од програмата на СДСМ.

-Изградба на две катни гаражи во централното градско подрачје,. Комплетна реконструкција на објектот Дом на АРМ, сега објект за административни простории на Музејот на тетовскиот крај и адаптација на дел од објекот како младински културен центар.. Доградба на дополнителни простории, училници ООУ Братство Миѓени на улица Борис Кидрич.. Поставување на зелен покрив со хотикултурно уредување на сите објекти од јавни институции каде има такви можности.. Субвенционирање на граѓаните за набавка на соларни инсталациии за производство на електрична енергија, за набавка и монтирање на инвертер клими за 2000 домаќинства, и за набавка на електрични велосипеди и тротинети како еко мерка за 3000 апликанти. Формирање на шинтерска служба и изнаоѓање на соодветно решение за кучињата скитници, додаде Димитриевски