Димитров: Колегите од Македонија не дозволуваат идеја за постоење заедничка историја

0
19

И копретседателот на бугарскиот тим од Комисијата, Ангел Димитров, вели дека нема никаков напредок во работата на мешовитата комисија.

Тврди дека историчарите од Македонија не прифатиле заедничко чествување на браќата Миладиновци и на Гоце Делчев.

„Нашите колеги не прифаќаат размислување за заедничка историја и за она што е запишано во Договорот за пријателство и добрососедство. Многу јасен индикатор за тоа беше што тие одбиваат да продолжиме со заеднички чествувања на битни историски личности, кои се важни и за двете држави. На пример оваа година има јубилејна годишнина од појавата на Зборникот на браќата Миладиновци, личности кои се надвор од политичката сфера, како и јубилеј од раѓањето на Гоце Делчев идната година, но македонската страна повторно не покажува интерес за заедничко чествување на овие два настани“. вели Димитров